Фудбалерот на шкотскиот премиерлигаш Данди јунјатед, Кристијан Трапановски ќе биде ново име на списокот на селекторот Благоја Милевски за септемврискиот старт на настапите во новата сезона од Лигата на нациите на УЕФА.
25-годишниот Трапановски очекувано ќе добие повик по одличните игри за Данди јунајтед веднаш по реализацијата на трансферот на почетокот на ова лето. За Трапановски тоа би било деби-повик во сениорската репрезентација на Македонија, откако претходно беше стандраден член на младата репрезентација за фудбалери до 21 година.
Не се очекуваат поголеми на списокот на селекторот Милевски во однос на последните подготвителни собири, кои беа искористени за тестирање на новиот лик на националниот тим.
Македонија во септември ја стартува новата Лига на нации со гостувањето на Фарските острови на 7.септември. Потоа, на 10. септември во Скопје ја пречекуваме репрезентацијата на Ерменија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА