Трапановски кариерата ја продолжува во Славија Прага

Македонскиот младински репрезентативец Кристијан Трапановски својата кариера ја продолжува во еден од најдобри чешки клубови Славија Прага.

17-годишниот Трашановски, кој досега беше член на Академија Пандев, денеска потпиша тригодишен договор со Славија Прага.

Trapanovski

Најпрво ќе биде вклучен во тренажниот процес со тимот до 21 година, а во наредниот период се очекува да биде приклучен и во сениорскиот тим.

Се вчитува...