Трапановски: Мораме да бидеме добро тактички подготвени за добар резултат против Белгија

Македонија ја очекуваат натпревари од 3. и 4. коло во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Против Белгија на домашен терен на 6. јуни, а потоа против Казахстан на 9. јуни на гости, Македонија се надева на добра игра и на добри резултати.

Атмосферата е на највисоко ниво. Тоа го потврдува и Кристијан Трапановски кој вели дека за добар резултат против Белгија, треба одлично тактичка подотовка, за да се парира на нивниот индивидуален квалитет.

„Мотивацијата во репрезентацијата е на највисоко ниво. За нас ова се последни мечеви за оваа сезона. Подготвени сме, се надевам дека ќе имаме добар пристап прво со Белгија, а потоа и против Казахстан. Индивидуално Белгија има топ играчи, но ако бидеме тактичко подготвени, ќе може да им парираме“, рече Трапановски.

За себе смета дека имал добра сезона зад себе, и дека формата ќе ја пренесе сега и во националниот тим.

„Мислам дека имав добра сезона, имав некои повреди кои малку ме извадија од колосек, но сега сум подготвен. Што се однесува до анализата, за секој противник е различна анализа. Но, подготовката не е ништо посебно, се подготвуваме како и за секој натпревар и секогаш имаме цел да одиме на победа“, рече Трапановски.

Се вчитува...