Трапановски МВП на мечот: Лудило, цел стадион го пее моето име…

Кристијан Трапановски на дебито во шкотската Премиер-лига веднаш го постигна првиот гол за Данди јунајтед, а одличното издание на Македонецот беше причина тој да биде награден со МВП-признанието за овој натпревар.

Трапановски имаше одлична шанса и за втор гол што не успеа да ја искористи, но Македонецот со залагањето станува миленик на навивачите на Данди Јунајтед.

„Разочаран сум што не стигнавме до трите бода и знам дека требаше да реагираме подобро. Сепак, гол на градското дерби на моето деби и навивачите да го пеат моето име… Благодарност до сите“, напиша Трапановски на својот твитер-профил.

Се вчитува...