Трапановски: Не можев да посакам подобар старт во дресот на Данди

Повремениот македонски репрезентативец Кристијан Трапановски имаше извонредно деби на официјален натпревар во дресот на својот нов клуб, шкотскиот Данди јунајтед.

Во Лига купот на Шкотска, Данди јунајтед убедливо со 3-0 победи против Стенхаусмур и тоа благодарение само на македонскиот крилен офанзивец, Кристијан Трапановски кој запиша две асистенции и еден гол.

„Уживав на овој натпревар, мој прв меч на домашен терен. Навистина сум среќен што асистирав и дадов гол. Не можев да посакам подобар старт, се надевам дека така ќе биде и на следниот меч“ – истакна Трапановски по мечот, на кој во дресот на Данди дебитираше и Давид Бабунски, притоа дополнувајќи:

„Тренерот бара од нас крилните офанзивци да влегуваме малку внатре, па имаме слобода во играта. Се надевам дека ќе имаме многу голови во иднина“.

Се вчитува...