Трапановски официјално промовиран во Данди јунајтед: „Ова е огромна шанса за мене!“ (ВИДЕО)

Шкотскиот премиерлигаш, Данди јунајтед и официјално го промовираше Кристијан Трапановски како свое ново засилување за сезоната 2024/25.

Тоа што веќе подолго време се најавуваше денеска официјализирано од шкотскиот клуб кој истакна дека за нив задоволство е што во своите редови носи квалитетен фудбалер со кој е потпишан двегодишен договор, со можност за продолжување на уште една.

Задоволството од преселбата во Шкотска на промоцијата истакна и 24-годишниот Трапановски кој од Шкупи се сели во Данди јунајтед.

„Навистина сум среќен што доаѓам во клуб со голема традиција. Ова е огромна шанса за мене. Денеска тренирав со првиот тим. Моите нови соиграчи и стручниот штаб се фантастични со мене. Фудбалот се игра за фановите и мислам дека ќе уживам во поддршката во Шкотска. Слушнав многу добри работи за навивачите на Данди и не можам да го дочекам мојот прв настап за клубот“ – истакна Трапановски.

Трапановски, фудбалски потекнува од школата на Академија Пандев, а претходно во својата кариера беше член и на Славија Прага во периодот од 2017 до 2020, но и на словачки Татран Прешов, и Викторија Жижков и Подбрезова.

Се вчитува...