Трапановски пак се повреди, нема да игра за Македонија во ноември

Кристијан Трапановски одлично ја почна сезоната во шкотската Премиер-лига во дресот на Данди Јунајтед, но крилниот офанзивец во последно време има се почести проблеми со повреди.

Тој поради повреда на мускулот не можеше да настапи на октомвриските средби од Лигата на Нации, а проблемот се повтори и на почетокот од ноември. Трапановски влезе во игра во второто полувреме од вчерашниот меч на Данди Јунајтед против Килмарнок, но издржа само десетина минути, по што ја обнови повредата и видно разочаран го напушти теренот.

Трапановски би требало да паузира најмалку петнаесетина дена, што значид ека тој дефинитивно нема да може да настапи за Македонија на двете последни средби од ова издание на Лигата на Нации, против Летонија на 14 ноември и против Фарските острови три дена подоцна, двата меча се играат во Скопје.

Се вчитува...