Македонија нема да смета на Кристијан Трапановски за следните два дуели од Лигата на Нации против Летонија и против Ерменија.
Играчот на Данди Јунајтед има повреда, и ќе мора да паузира 4-6 недели. Трапановски беше повикан и за дуелите со Фарски Острови и Ерменија на домашен терен, меѓутоа не доби шанса за настап.
„За жал пак имаме повредени играчи. Трапановски нема да биде со нас поради повреда на тренинг и ке мора да паузира 4 до 6 недели. Се надевам дека Трајковски ќе биде фит. За жал дарко велковски се уште нема клуб и не е во посакуваната форма и она што се очекува од него“, рече селекторот Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА