Кристијан Трапановски и Давид Бабунски на најдобар можен начин ги почнаа своите настапи во дресот на шкотскиот Данди Јунајтед. Во Лига купот на Шкотска, Трападона постигна три гола со две асистенции додека поранешниот младинец на Барселона дебитира со прекрасен гол од слободен удар.
Во интервју за британски „Телеграф“, Трапановски се осврнува на задоволството што игра заедно во тим со Давид Бабунски, верувајќи дека во блиска иднина ќе заиграат заедно и за репрезентацијата на Македонија.
„Првпат играм во ист тим со Давид, кој е одличен фудбалер за што доказ се и десетте години минати во Барселона“ – вели Трапановски и дополнува:
„Верувам и посакувам вака заедно да играме и за Македонија. Се надевам дека селекторот Милевски ги следи нашите натпреварите на Данди. Пресреќен сум што постигнав веќе три гола за тимот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА