Трапановски со асистенција го одведе Данди јунајтед во следната фаза од шкотскиот Куп

Данди Јунајтед на Кристијан Трапановски се пласираше во осминафиналето од шкотскиот Куп славејќи над Ајр со 2-0 во натпревар во кој директно инволвиран беше и македонскиот интернационалец.

Трапановски доби шанса во второто полувреме од средбата во кое беа постигнати двата голови, а тој ја забележа асистенцијата кон Камара во 89. минута, асистенција која ја осигура победата.

Како потсетување, претходно во осминафиналето се пласираа и Бојан Миовски и неговиот Ренџерс во натпревар во кој Македонецот забележа хет-трик.

Се вчитува...