Трапановски со „кам-бек“ на теренот после еден месец пауза

Македонскиот репрезентативец Кристијан Трапановски, се врати на терените после повредата која ја заработи на почетокот на ноември, и поради која го немаше на последните два натпревари во Лигата на Нации за репрезентацијата.

Крилниот играч последниот настап го имаше на 3. ноември, и од тогаш не беше во комбинација на четири меча. Денеска против Мадервел влезе во игра во 75. минута од средбата.

До 58. минута на овој меч играше и Давид Бабунски, додека за домашниот тим на клупата беше Давор Здравковски, но не доби шанса за настап.

Се вчитува...