Трапановски стрелец на дебито за Данди Јунајтед

Кристијан Трапановски почна да се наметнува во новиот тим Данди Јунајтед, откако денеска постигна гол за својот нов тим на дебито за шкотската екипа.

Данди успеа да го совлада тимот на Анан Атлетик со 2-0, а еден од стрелците беше токму Трапановски.

Трапановски пред неколку дена го комплетираше трансферот во шкотската екипа, и им се приклучи на Бојан Миовски и на Давор Здравковски кои играат во Абердин, односно Мадервел.

Се вчитува...