Трчањето е здравје… Скопје ужива во маратонот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Јубилејното 15.издание на Скопскиот атлетски маратон донесе и рекордни 12.000 учесници. Најголем дел од нив рекреативци, на патеката од 5 километри, што покажува дека граѓаните на македонската метропола умеат да уживаат во трчањето, знаејќи дека е здравје, забава, уживање. Имаше и мајки со колички за деца, и млади и стари, цело Скопје на улиците во спортска опрема, со натпреварувачки дух.

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонската трка, маратонците се уште се борат со километрите, но буквално сите учесници се победници на денешниот 15. Скопски атлетски маратон.

 

Се вчитува...