Американскиот спринтер Ноа Лајлс учествуваше на трката на 200 метри на Олимписките игри и покрај тоа што беше позитивен на тестот за коронавирус пред два дена.
На почетокот на трката беше очигледно дека нешто не е во ред со Лајлс. Лошо ја започна трката, во поголемиот дел имаше гримаса на лицето и му дозволи на спортистот од Боцвана Лесил Тебог лесно да слави.
„Во вторникот се разбудив во пет часот наутро. Се чувствував ужасно, знаев дека тоа е нешто повеќе од последиците од трката на 100 метри. Бев тестиран и за жал добив позитивен тест за коронавирус. Првата мисла беше да не паничам, трчав во полоши услови, а само земав слободен ден и се обидов да се хидрирам што е можно повеќе во карантин, но никогаш не сум бил повеќе од горд на себе што излегов и освоив бронза“, изјави Лајлс.
Лајлс носеше и маска за време на загревањето, па останува да се види дали ќе има последици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА