Атланта Хокс се подготвуваат да направат големи промени во своите редови, а ТреЈанг наскоро ќе ја напушти франшизата од Џорџија.
Шемс Чаранија и „ESPN“ објавија дека агентите на Јанг ја информирале Атланта дека нивниот клиент сака да си замине и дека двете страни работат на пријателска разделба и нова размена.
Тие имаат рок до 5. февруари да му најдат нова дестинација, а уште порано беше споменато дека постои можност тој да заврши во Милвоки Бакс и да игра со Јанис Адетокумбо, а сега се појавија нови идеи.
Една од нив е размена во Вашингтон Визардс каде што би бил убедливо најдобриот играч, но она што е некако најинтересно е потенцијална размена од три тима каде што Ентони Дејвис лесно би можел да заврши во Атланта.
Сакраменто Кингс се некако пореална опција и веројатно во Атланта би завршил Зек Лавин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

