Хрватска лесно го совлада тимот на Гибралтар со 3-0 во квалификациите за СП 2026 година, и се доближи само на еден чекор до Мундијалот идната година. Благодарение на поразот на Чешка од Гибралтар, сега Хрватите избегаа на три бода пред Чешка, која има уште еден натпревар за играње, додека Хрватите имаат два, и тоа со Гибралтар и со Фарски Острови на домашен терен. Апсолутно е невозможно и двата меча да ги загубат Хрватите, а и Чешка ќе мора да победи со огромна гол разлика против Гибралтар во последното коло.
Денеска Хрватска даде три гола на мечот во Вараждин, а пропушти многу шанси да даде уште толку, со оглед дека и промашија пенал во 57. минута преку Мајер.
На полувремето „коцкастите“ имаа предност од еден гол преку Фрук. Во 78. минута Лука Сучиќ зголеми на 2-0, додека Ерлиќ во финишот ги постави конечните 3-0.
Австрија пропушти голема шанса да дојде блиску до пласман на Мундијалот, и загуби од Романија со 1-0. Првиот пораз на Австријците беше благодарение на голот на Гита во петата минута од судиското надополнување.
Полска со головите на Шимански и на Левандовски ја совлада селекцијата на Литванија со 2-0. Данска со 3-1 ја совлада Грција и практично ја отпиша од шанса да дојде до пласман на Мундијалот, додека Данците ќе се борат за првото место со Шкотска во последните две кола од квалификациите. Стрелци за Данска беа Хојлунд, Андерсен и Дамсгард уште во првиот дел, а почесниот гол за Грците го постигна Цолис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

