Требаше да биде „единица“ на Баерн, но милионите од С. Арaбија го премислија

Мароканскиот голман Јасин Боно беше во преговори со Баерн Минхен, и прв фаворит за „единицата“ на германскиот првак. Меѓутоа понудата од Саудиска Арабија го „поништија“ трансферот, и сега чуварот на мрежата ќе потпише за Ал-Хилал.

Баерн Минхен не можеше да му даде толкава плата колку што ќе заработува во Саудиска Арабија. На Севилја ќе им припадне 21 милиони евра, а Боно ќе заработува неверојатни 10-12 милиони евра по сезона. Ќе потпише четиригодишен договор, и ќе им се приклучи на Нејмар, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Митровиќ.

Боно претходно беше во опција да го замени и Тибо Куртоа во Реал Мадрид, но „кралевите“ се решија за Кепа Аризабалага. Баерн Минхен сега нема многу опции. Давид Де Геа заминува во Челси, а опцијата за Баерн сега е Хуго Лорис, кој по заминувањето од Тотенхем и натаму е без клуб. Баерн бара голман кој ќе го замени повредениот Мануел Нојер кој ќе паузира уште неколку месеци по тешката повреда заработена во јануари на скијање.

Се вчитува...