Англискиот фудбалски шампионат важи за најдобар во светот на фудбалот, и според квалитет и според остварен профит, но Сузана Динаж одби да стане нова извршна директорка на Премиер – лигата. Таа требаше да биде првата жена која ќе застане на чело на најквалитетната фудбалска лига, но, сепак, се премисли и сака да остане на сегашната работна позиција, како претседетелка на каналот „Анимал Планет“ во рамките на медиската организација „Дискавери“.
Сузана Динаж требаше да го наследи Ричард Скудамор, кој си замина од позицијата извршен директор на Премиер – лигата во ноември. Сепак, одлучи да остане дел од „Дискавери“ каде работи веќе цела деценија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА