Дуван Запата е најновото засилување на Торино откако искусниот голгетер денеска и официјално го потпиша договорот со овој калчолигаш.
Запата неколку години наназад беше предводник на нападот на Аталанта, но лани минутажата сериозно му се намали. Во ситуација кога беше доведен Скамака од Вест хем стана јасно дека Гаспарини не смета сериозно на неговите услуги, Запата беше пред трансфер во Рома кој неочекувано пропадна, за на крајот да заврши во Торино. Двата клуба постигнаа договор голгетерот да замине на едногодишна позајмица, но Торино следното лето ќе мора да плати осум милиони евра за целосно да го откупи неговиот договор со Аталанта.
„Торинезите“ потпишаа уште еден фудбалер од Бергамо, и тоа дефанзивецот Брендон Сопи, кој пстигна на едногодишна позајмица во редовите на Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

