Холандскиот стопер Матијс де Лихт, е една од сериозните варијанти за трансфер во Манчестер Јунајтед. Клубот од Олд Трафорд е сериозно заинтересиран за неговите услуги, меѓутоа постои проблем кој што наместо трансфер во друг клуб, може да го однесе зад решетки.
„Марка“ пишува дека Холанѓанецот предизвикал сообраќајна несреќа на 7. август, при што избегал од местото на несреќата. Овој инцидент наводно се случил во близина на клупските простории.
Целиот настан има сведок, кој ја известил полицијата. Германскиот „Билд“ пишува дека во несреќата е уништено еднотов возило. Полицијата ја утврдува штетата, но проблем е што фудбалерот избегал од местото на настанот.
Ако биде прогласен за виновен, тогаш му се заканува казна затвор од три години, затоа што побегнал без да преземе одговорност. Бидејќи нема повредени во овој случај, Холанѓанецот најверојатно ќе помине само со парична казна и со опомена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА