Македонскиот стратег Југослав Тренчовски запишува вистински историски моменти на клупата на словенечкиот прволигаш Радомље.
Покрај одличните настапи во Првата лига на Словенија сезонава, битката за прв свој европски излез во историјата, Радомље ја води и во Купот на Словенија.
Радомље, за првпат во својата клупска историја, обезбеди полуфинале во Купот на Словенија, откако во четвртфиналната серија славеше на гостувањето против Јадран Декани, по продолженијата со 2-4.
Во регуларниот дел, Радомље имаш водство од 0-2 до последните минути од средбата, но домашните во самиот финиш успеаја да дојдат до 2-2. Сепак, тимот на Тренчовски во продолженијата со два гола си обезбеди полуфинале во најмасовното клупско натпреварување на Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

