Тренчовски со Радомље го шокираше шампионот на Словенија

Еден од најдобрите македонски фудбалски тренери Југослав Тренчовски го предводеше својот Радомље до неверојатен пресврт и голема победа против актуелниот словенечки шампион Олимпија Љубљана.

Олимпија Љубљана со головите на Дурдов и Пинто го доби првото полувреме со 2-0, но на паузата меѓу двете полувремиња Тренчовски и тоа како успеа да ги разбуди своите избраници.

Јојиќ со погодок во 52. минута ја врати надежта кај Радомље дека може да освои барем бод, а потоа во завршницата Мартинчиќ и Гњатиќ обезбедија целосен пресврт и триумф 2-3.

Се вчитува...