Тренер на германски тим бара укинување на играта „седум на шест“

Тренерот на германскиот прволигаш Лајпциг, Рунар Сигтригсон смета дека треба да биде укинато правилото со играње „седум на шест“, односно можност за менување на голманот со играч кој би играл во поле. Правилото е воведено во 2016 година, за во напаѓачкиот дел екипата да има повеќе опции.

Сигтригсон смета дека  со воведување на тоа правило, исклучувањата од две минути веќе немаат смисла. Според него, тоа не е забавно ниту корисно.

„Спортот би бил пофер кога би се укинало тоа правило“, смета Сигтригсон и додава:

„Две минути исклучување веќе нема никаква смисла. Исклучувањата не се како што беа порано. Екипата едноставно надополнува во нападот. Мислам дека послабите екипи треба да имаат поголеми шанси против посилните. Но, помалите клубови веќе немаат никаква предност. Збунува и не е забавно за гледање, играта станува побавна, и на играчите им се одзема слободата. Постои можност од повреди на голманите, кои мора брзо да се враќаат на гол“, смета Сигтригисон.

Се вчитува...