Португалската кошаркарка Сара Дјаси доживувала вистинска хорор приказна во својот поранешен клуб. Португалката, по долго размислување, одлучи да излезе во јавноста со тоа што и се случило пред пет години во редовите на шпанскиот клуб Тенерифе, јавно обвинувајќи го тренерот Клаудио Гарсија за сексуално и физичко малтретирање.
„Во сезоната 2015/2016 играв за Тенерифе. Откако неодамна во едно интервју видоа како една кошаркарка го опишува односот со тренерот Гарсија како најлош во својата кариера, одлучив јавно да проговорам“ – ја почнува Сара својата приказна и продолжува:
„Доживував во тој клуб вистински хорор. Од самиот почеток односот беше ужасен, а често имаше и коментари поради кои се чувствував ужасно. Зборуваше како ние Португалките имаме добри ‘задници’, а често ми дофрлуваше да имаме орален секс“.
Сара нагласува дека често и се извинувал за своите зборови, но потоа повторно си продолжувал по старо.
„Велеше, од време на време, дека му е жал и подготвен е да се промени, но ништо од тоа не исполни. Постојано ме пцуеше на тренинзи и натпревари, кошаркарките ги нарекуваше – курви. Во една прилика беше толку лут на мене што на сите кошаркарки им купи храна, освен на мене. Ме тераше да тренирам и кога бев повредена а во неколку наврати и физички ме малтретираше“.
На крајот успеа да побегне од клубот со помош на својот менаџер…
Околу сите овие обвинувања кратко се огласи и тренерот Клаудио Гарсија.
„Не сакам ништо да коментирам. Се ќе се реши на суд!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

