Тренер тотално „полуде“ по добиен црвен картон: Го нокаутираше помошниот судија, па се впушти кон главниот… (ВИДЕО)

Неверојатни сцени од фудбалските терени во Сомалија. На дуелот меѓу Хорсид и Елман во 75. минута од средбата главниот судија го прекина натпреварот, а потоа по разговор со четвртиот судија се упати кон помошниот тренер на Хорсид покажувајќи му црвен картон.

И, тогаш почна се… Тренерот комплетно полуде тргнувајќи во отворена пресметка со судиите. Најпрво го нокаутираше четвртиот судија, а потоа почна по теренот да го брка и главниот судија. Но, не успеа да го стигне откако неговите играчи го спречија во таа намера…

 

Се вчитува...