Тренерите на Георгиевски се откажаа од наградата на Владата: „Паричната награда целосно треба да му припадне на нашиот херој!“ (ФОТО)

Тренерот на македонскиот сребрен олимпиец Дејан Георгивевски, Дарко Костовски, преку социјалните мрежи информираше дека тој и неговиот брат како тренери се откажуваат од 10.0000 евра, кои државата нив со вчерашната одлука на Владата им ги додели за големи успех во Токио.

„Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост! За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)“– напиша Костовски на својот фејсбук профил.

Како што е познато, македонската влада донесе одлука на Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари. Георгиевски ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од Агенцијата за млади и спорт.

Се вчитува...