Валенсија претрпе неочекуван убедлив пораз на гостувањето против Рио Бреоган (99-82), на кој македонскиот интернационалец доби мала минутажа од тренерот Пењароја.
Дуелот беше израмнет само во првото полувреме (41-43), а како пресудна се покажа третата четвртина што домаќините ја добија со убедливи 35-22. Откако првите 30 минути ги проследи од клупата, Димитријевиќ влезе во игра на стартот од последната четвртина, но Македонецот и неговите соиграчи немаа сили за камбек на овој натпревар што го завршија со убедлив пораз.
Ненад Димитријевиќ мина на теренот само пет минути, период во кој реализираше два поени (0/2 за тројка, 1/2 за два), без ниту еден скок или асистенција.
Валенсија и покрај поразот остана на четвртото место на табелата со 24 освоени бода, четири помалку, но и две средби помалку од третопласираната Манреса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА