Серџо Консеисао не се прослави како тренер на Милан, освојувајќи го само осмото место во Серија А, губејќи го и финалето на Копа Италија, по што „росонерите“ не обезбедија пласман во фудбалска Европа.
Очекувано, договорот на Португалецот не беше продолжен, но тој без проблем најде нов ангажман, и тоа како нов шеф на струката во шампионот на Саудиска Арабија. Ал Итихад го избра токму Португалецот како наследник на Лорен Блан, по што Консеисао утрово пристигна во Ријад на потпис на договорот со овој клуб, во кој главна ѕвезда е Карим Бензема.
„Шампионот владее со спортот. Јас сум Серџо Консеисао и дојдов да изградам славна империја со Ал Итихад“, изјави Консеисао во видеото што го објави Ал Итихад на профилите на социјалните мрежи.
Ал Итихад го очекува жестока борба за титулата, откако овој тим падна на третото место на табелата со три бода заостанување зад лидерот Ал Наср.
Welcome, our new coach Conceição 🤝🎩 pic.twitter.com/nwD0iSuBat
— Al-Ittihad Club (@ittihad_en) October 8, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

