Само неколку часа откако Ерик тен Хаг доби отказ од Баер Леверкузен, веднаш почнаа шпекулации за негов наследник во тимот на „фармацевтите“. Еден од нив е поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ.
Терзиќ во 2024 година ги внесе „милионерите“ во финалето на Лигата на шампионите, но не успеа да дојде до трофејот, по поразот од Реал Мадрид, а тимот беше блиску и до освојување на титулата во Бундеслигата, но во последното коло ја „испушти“ со ремито против Мајнц на домашен терен.
Терзиќ досега работеше во младинските категории на Борусија и во вториот дел, а потоа стана тренер и на првиот тим, и го водеше со успех. Без работа е од 2024 година, после тоа фамозно финале. Беше поврзуван со неколку клубови, меѓу кои од Англија, Германија и Италија, меѓутоа тој не прифати ниту една понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

