Сегашниот тренер на Брајтон, Фабијан Хирцелер кој е еден од кандидатите за преземање на Манчестер Јунајтед, се огласи по повод гласините дека би мел да се пресели на „Олд Трафорд“ и да го замени Рубен Аморим, кому му се заканува отказ по серијата на лоши резултати.
Хирцелер е во комбинација заедно со уште неколку имиња кои се споменуваат како потенцијални наследници на Аморим, меѓу кои и Грем Потер, Оливер Гласнер и Герет Саутгејт.
„Тешките одлуки и гласините се дел од нашата работа, и мораме да се помириме со тоа. Но, сакам да кажам дека го почитувам Рубен Аморим, и нема да зборувам за неговата работа ниту за било какви гласини. Голема чест е што сум во Брајтон. Многу сум среќен тука, и имаме уште многу да постигнеме заедно“, изјави Хирцелер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

