Поранешниот фудбалер на Калјари Фафа Пико изјави дека тренерот на младинскиот тим на клубот во кој настапувал го навредувал на расна основа. Фудбалерот роден во Њујорк, а со потекло од Хаити се сети на пеколот кој го поминал во Италија.
„Постојат различни облици на расизам. Се сретнував со нив на различни стадиони. Се преселив во Италија кога имав 16 години и почнав да играм за Калјари година дена подоцна. Играв за резервниот тим, а тогашниот тренер беше една од најлошите личности кои сум ги запознал. Ми говореше дека сум мајмун и треба да се вратам во Африка во џунглата бидејќи таму ми е местото“, изјави Пико.
Пико во Калјари помина пет години од 2006 до 2011 година, но само во младинските екипи, а во моментов настапува за МЛС тимот на Далас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

