Тренерот на АЕК, Матијас Алмеида изјави дека неговиот тим е подготвен за првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите против Динамо Загреб.
Навивачот на АЕК Михалис Кацурис загина, а осум лица се повредени во напад на навивачите на Динамо врз приврзаниците на атинскиот клуб ноќта меѓу 7. и 8. август, пред натпреварот од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го откажа првиот натпревар меѓу двата клуба, кој требаше да се одигра во Атина. Првиот дуел меѓу хрватскиот и грчкиот шампион се игра утре од 20 часот во Загреб. Реваншот е закажан за 19. август во Атина.
„Секогаш сме подготвени. Не се плашиме од нови немири, одиме во Загреб да играме фудбал. Во фудбалот сум 30 години. Тоа треба да биде радост. Бев многу тажен кога видов што се случи минатата недела. Ќе играме за историјата на АЕК и за семејството на навивачот кој го загуби животот“, изјави Алмеида,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

