Ерик тен Хаг на секој начин се обидува да стигне до ново засилување од Ајакс. Холанѓанскиот стратег во бразилецот Антони Матеус дос Сантос гледа спас на сезоната и за неговите услуги е подготвен да издвои до 90 милиони евра.
Премин во англиското првенство посакува и самиот напаѓач кој веќе одби да биде дел од тимот за натпреварот против Спарта Ротердам, јасно ставајќи дознаење на клубот да ја прифати понудата на „црвените ѓаволи“.
На оваа тема говореше и тренерот на Ајакс, Алфред Шројдер кој покрај критиките кон „модерниот фудбал“, упати критики и до фудбалерот, потсетувајќи го дека игра за голем клуб кој ќе се натпреварува во Лигата на Шампионите, натпреварување од кое нема да биде дел доколку премине во Манчестер.
„Сакам Антони да остане. Сакам да се надевам дека клубот нема да го продаде, но парите со кои се расфрлаат клубовите денеска се луди. Нема да биде добро доколку го продадеме него, а финансиски сме добро поткрепени. Го разбирам и Антони, но човече играш за Ајакс. Играш во Лигата на Шампионите. Како што знам Манчестер Јунајтед нема да игра во ЛШ“, вели холандскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

