Тренерот на Алавес буквално полуде: Кршеше се околу себе, го нападна и помошникот (ВИДЕО)

Реал Мадрид со голот на Лукас Васкез во 92. минута едвај дојде до победата над Алавес во синоќешниот натпревар во Ла Лига.

Алавес беше презадоволен со бод од овој меч, а тоа најдобро го покажува и неверојатната реакција нанивниот тренер по примениот гол.

Луис Гарсија, тренерот на домашните, почна буквално да крши се околу себе никако не успевајќи да се контролира по примениот гол на својот тим во последните секунди од мечот. Негова мета беше и помошниот тренер, кој остана „ладен“ воопшто не спротиставувајќи се на шефот на стручниот штаб.

А, потоа почна да се соблекува и расфрлува се околу себе додека резервните играчи и останатите членови на стручниот штаб само немо седеа на клупата и гледаа….

Се вчитува...