Тренерот на Алкараз не му верува на Ѓоковиќ дека има проблеми со коленото

Тренерот на Карлос Алкарз, Хуан Фереро ги почна „психолошките игри“ пред евентуалното финале на двајца од тројцата најдобри тенисери на денешницаата.

Фереро не му верува на Ѓоковиќ дека има проблеми со повреда, според тоа како игра на Вимблдон.

„Ѓоковиќ направи рекордно брзо опоравување. Тоа е нешто неверојатно, игра одлично иако тој самиот вели дека бил далеку од неговото најдобро ниво. Видов дека се движи многу брзо“ – вели Фереро и дополнува:

„Тука на Вимблдон секогаш испраќа фантастични удари. Посебно ако се игра под затворен кров, затоа што топчето тогаш оди нормално, нема промена на правец и тој секогаш го погодува центарот на рекетот“.

Се вчитува...