Тренерот на Асвел збесна на прес-конференција: Не знаеш кошарка!

Тренерот на Асвел, Пјерик Пупе, ги сподели своите впечатоци по поразот од Црвена звезда. Црвено-белите на домашен терен го совладаа францускиот тим со 73:66 , во 25. коло од Евролигата.

Пупе истакна дека е задоволен од начинот на кој играше тимот, тие едноставно не ги погодуваа своите шутеви. 

„ Честитки за Црвена звезда. Ние ја одигравме нашата игра. Мислам дека одигравме добро, едноставно не можевме да погодиме ништо. Бевме на добри позиции, горд сум на момците, но ако продолжиме да играме на ист начин,може да се надеваме на победи“, рече тој.

Зошто викнавте тајмаут на девет секунди пред крајот?

„Кошарка е, се обидов да победам. Имам девет секунди и уште еден тајмаут. Се борам до крај. Чудно прашање за мене“, истакна гостинскиот тренер.

Потоа го прашаа за лошиот процент на реализирани тројки 4 од 28, по што Пупе збесна.

„Лоша игра е твоето мислење. Не знаеш кошарка, тоа не беше лоша вечер. Тие имаат одличен физички тим, а ова е голем напор за нас. Никогш не можам да ги обвинам играчите што не постигнале поени и што шутираат. Имавме 11 загубени топки и 17 асистенции.

Се вчитува...