По ремито меѓу Фиорентина и Аталанта (1-1), се случи голем инцидент на „Артемио Франки“. Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини имаше водечка улога во неговиот втор инцидент за помалку од два месеци.
Откако на претпоследниот ден од февруари фрли сендвич од својот автомобил кон навивачите на Милан, откако неговиот тим загуби со 2-0, 65-годишниот тренер сега отиде чекор понатаму и предизвика скандал на стадионот.
Прво се скара со публиката, а потоа физички го нападна спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде.
„Тренерот на Аталанта, Гасперини, на крајот од натпреварот им се налути на навивачите на Фиорентина, но и на управата на овој клуб.„Расистичка публика“ и „Вие сте крадци“ се зборовите кои Гасперини им ги кажа на навивачите и управата на Фиорентина. Тоа не беше се. Тој го плукна и удри спортскиот директор Праде“, изјави новинарот на „Република“ Матео Довелини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА