Италијанскиот тренер Џанпјеро Гасперини беше бесен по елиминацијата на Аталанта од Лигата на шампионите и ситуацијата кога неговиот клуб беше фаворит во двомечот против Бриж.
Белгијците победија со 2:1 на домашен терен, па 3:1 во Бергамо – иако прашање е што ќе се случеше доколку домашната екипа искористеше пенал во 61. минута за да дојде до 2-3.
Аталанта имаше голема шанса да се доближи на -1 гол, но Адемола Лукман шутираше пенал очајно, па Мињоле му го одбрани пеналот. На крајот се соочи со критики, а беше критикуван и од својот тренер Гасперини.
„Лукман не требаше да го изведе пеналот, тој е еден од најлошите изведувачи на пенали што сум ги видел. Пеналот го изведе поради ентузијазмот по голот, но има многу низок процент, дури и на тренинзите промашува… Не требаше да го изведе, таму беа Де Кетелаере и Ретеги – изјави Гасперини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

