Тренерот на Башкими и двајца фудбалери имале сообраќајна несреќа (ФОТО)

Тренерот на Башкими, Баже Јанакиевски и фудбаелрите Мемет Ризахамза и Борјан Пановски имале тешка сообраќајка несреќа во кумановско. Со нивното возило излетале о патот, но за среќа не се здобиле со потешки повреди, соопштија од клубот.

„На пат кон редовниот тренинг, тренерот на првиот тим Баже Јанакиевски, како и нашите фудбалери Мемет Ризахамза и Боријан Пановски на влезот во Куманово имаа сообраќајна несреќа, која за нивна среќа поминаа без тешки повреди. Нешто посериозни повреди има тренерот Јанакиевски“, стои во соопштението.

Се вчитува...