Тренерот на Боде: Веќе не е ни изненадување што победуваме…

Боде Глимт продолжува со испишување историја откако норвешкиот првак по елиминацијата на Интер во 1/16 финалето од ЛШ, синоќа го совлада Спортинг со 3-0 во првиот осминафинален дуел и направи огромен чекор кон обезбедување место меѓу најдобрите осум екипи оваа сезона во фудбалска Европа.

Тренерот Кјетил Кнутсен не го криеше воодушевувањето од новото одлично издание на неговиот тим, кој дефинитивно е најпријатно изненадување во ЛШ оваа сезона.

„Ова е неверојатна авантура за сите нас, особено начинот на кој играме во последно време. Не треба многу да се слави бидејќи мораме да анализираме, пред нас е и реванш меч и никако не треба да помислиме дека се е готово само поради оваа победа. Лесно е да се биде задоволен и да се опуштиш, но тоа е стапица која ќе ти донесе проблеми во иднина. Јас сум многу горд на фактот што веќе не е ни изненадување кога ќе победуваме во ЛШ, тоа  е најдобриот доказ колку сме напредувале оваа сезона“, истакна Кнутсен по убедливиот триумф над Спортинг.

Се вчитува...