Тренерот на актуелниот шампион на НБА, Бостон Селтикс Џо Мазула е казнет со 35.000 долари поради агресивниот испад кон судијата Џастин ван Дајн по поразот на домашен терен од Чикаго Булс пред два дена со 108-117.
Мазула, кој доби техничка грешка на крајот од натпреварот, исто како и кошаркарот на Селтикс, Џејлен Браун, по поразот со пцовки го нападнаа судијата, а подоцна на прес-конференцијата призна дека тоа не требало да го направи.
Мазула ќе мора да ја плати оваа казна, а следен негов ваков испад би можел да доведе и до суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА