Тренерот на Брајтон го „пецна“ Артета: Само еден тим сакаше да игра фудбал

Тренерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер, по поразот на неговиот тим од лидерот Арсенал, изјави дека е горд на играта на својот тим.

Германецот на клупата на Брајтон индиректно го нападна Арсенал, истакнувајќи дека само неговиот тим играл фудбал и покрај победата на „топчиите“ од 0-1.

„Мислам дека само еден тим играше фудбал. Другиот тим не играше. Никогаш не сакам да бидам, и никогаш нема да бидам, тренер кој се обидува да победува на начинот на кој се обидува тимот на Артета. Мојата цел е да ги развивам играчите и мојот тим постојано да се подобрува низ играта“, рече Хирцелер.

Се вчитува...