Ерата на Енцо Мареска на „Стемфорд Бриџ“ започна солидно со оглед на тоа што „сините“ по првите пет кола во Премиерлигата забележаа три победи, еден пораз и едно реми.
Во шесттото коло од елитниот англиски шампионат Челси го очекува натпревар против Брајтон, а италијанскиот стратег на пресконференција за медиумите доби и интересно прашање поврзано со 60 милионското засилување Кристофер Нкунку кој во главно во Премиерлигата е џокер од клупата, а не стартер.
„Морам да бидам искрен со Нкунку и сите останати. Им кажав од првиот ден дека не можам да играм со седум или осум напаѓачи бидејќи така нема да има рамнотежа во екипата. Најбитно е Нкунку да е подготвен за игра“, одговори Мареска на прашање зошто такво засилување нема место во првите единаесетмина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА