Тренерот на Челси не верува во 100 милионското засилување

Челси оваа зима потроши сто милиони евра за трансферот на Михајло Мудрик од Шахтјор. Украинецот кој долго се поврзуваше со премин во градскиот ривал Арсенал, притоа објавуваше и фотографии како ги гледа „омилените топџии“ на крајот на заврши на „Стемфорд Бриџ“.

Но, и покрај големиот ангажман тренерот Грем Потер нема став дека тој е топ засилување кое му беше потребно на тимот па ги загрижи навивачите на Челси.

„Нема гаранција дека ќе успее во Челси. Нема некоја магична формула која ни ќе каже каква ќе биде иднината. При секоја одлука мораш да се базираш на што повеќе информации. Ако го идентифицираш правиот играч и правата личност, ќе имаш поголема шанса бидејќи има простор за развој и влог. Ако се биде како што треба ќе добиеш фантастичен играч. Доби голем договор и има време. Среќен сум што клубот размислува во таа насока“, изјави Потер.

Се вчитува...