Виртус Болоња не ги исполни очекувањата во новата сезона во Евролигата. Италијанскиот тим кој претендираше за место во плејофот заврши на 14. место на табелата, пет натпревари зад осмата позиција на табелата.
Притоа некогашниот гигант загуби од Бреша во финалето од Купот на Италија па се поверојатно е дека ќе дојде до промена на тренерското место од каде ова лето се очекува заминување на Серхо Скариоло. Италијанскиот стратег се поврзува и со премин во Реал Мадрид, а во медиумите веќе се шпекулира и со името на неговиот наследник.
Најверојатна опција доаѓа од Балканот каде во игра се сегашниот тренер на Ненад Димитријеивќ во Уникс Казањ, Велимир Перасовиќ и Саша Ѓорѓевиќ. За Хрватот тоа би било прв ангажман во Италија, додека за Србинот камбек на местото каде во 2021 година го освои шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА