Аријан Адеми е неизвесен за натпреварот против Славен Белупо овој викенд. Не само поради повредата, туку и поради фактот што пред два дена стана татко и доби второ дете.
Сепак, тренерот на Динамо, Анте Чачиќ и натаму не знае дали ќе може да смета на Адеми, но напоменува дека многу му е потребен.
„Ќе видиме колку и како ќе го користиме Аријан Адеми кој стана татко по вторпат, но во секој случај без нашиот капитен не сакаме да одиме во следните предизвици. Верувам дека Адеми ќе биде со нас утре на натпреварот. Навистина имаме добра здравствена состојба во соблекувалната“, истакна Чачиќ.
Адеми не играше на последните два натпревари во Лигата на Нации за Македонија поради повреда. После овој меч, Динамо го очекува меч во Лигата на шампионите против Салцбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА