Тренерот на Дортмунд не верува во титула: Да бидеме реални, ние и Баерн сме различен свет

Борусија Дортмунд чека на титула во Бундеслигата веќе 12 години, а тренерот Нико Ковач, не верува дека неговиот тим ќе успее да ја освои и идната сезона, која започнува наскоро. Ковач, кој е поранешен играч на Баерн Минхен и Баер Леверкузен, смета дека е важно да се намали разликата помеѓу „милионерите“ и „баварците“.

На прашањето дали може навивачите да веруваат во титула, Ковач беше брутално искрен и на некој начин ги „олади“ фановите.

„Можам да го разберам сонот на навивачите, но мораме да бидеме реални. Минатата сезона ја завршивме 25 бодови зад Баерн Минхен и 12 бодови зад Баер Леверкузен. За нас е важно да ја намалиме разликата. Баерн лани имаше во просек 2,41 бод по меч, а ние 1,67. Тоа се два различни света. Нормално, не би имал ништо против да бидеме на првото место и да ја освоиме титулата, но мора да бидам реален и да кажам дека во моментов трофејот од Купот е пореален цил, и вредно е да се обидеме“, изјави Ковач.

Се вчитува...