Тренерот на Елмас незадоволен: Ни недостасува сила во нападот

Тренерот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Марко Розе изрази големо незадоволство од прикажаната игра на своите избраници на стартот на сезоната.

Лајпциг не знае за триумф уште откако ја прекинаа неверојатната низа на Баер Леверкузен во германското првенство, триумфирајќи со 3-2 во второто коло по што следеа три неубедливи средби, реми против Унион Берлин, пораз во Лигата на Шампионите од Атлетико Мадрид и ново реми, овој пат против новајлијата Сент Паули.

„Имаме проблем кога напаѓаме. Во овој момент не претставуваме адекватна опасност пред голот на противникот и се уште бараме решенија. Ја користиме оваа недела со тренинзи да испробаме повеќе ситуации. Јасно е дека не прикажавме доволно пред голот на противникот. Не креиравме доволно шанси, бевме премногу непрецизни во креирањето на акциите. Имаме премалку центаршутеви и играчи во казнениот простор на противникот. Ни недостасува сила во нападот“, вели Розе.

Се вчитува...