Тренерот на Елмас останува во Лајпциг уште три години

Лајпциг денеска потпиша нова соработка со тренерот Марко Розе на уште три години. Розе потпиша договор со кој „Биковите“ го решија тренерското прашање до 2026 година.

Розе во минатото беше тренер на Салцбург, Борусија Менхенгладбах, кратко во Борусија Дортмунд, а од 2022 година е тренер на Лајпциг.

Минатата зима Розе го купи Елиф Елмас од Наполи, за кого тимот издвои 24 милиони евра, и се очекува македонскиот интернационалец да добие поголема минутажа во следната сезона.

Се вчитува...