Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети по поразот од Милан даде свој коментар за информацијата дека ќе го напушти наполитанскиот клуб.
Синоќа Елиф Елмас и соиграчите не успеаја против Милан, па на домашен терен загубија со 0-1 во натпревар од Серија А.
„Ако не можете да се справите со притисокот, треба да заминете. Но, ве уверувам дека ќе бидам на утринскиот тренинг со план за работа. Ако мислите дека нема да се вратам на работа, грешите … “, изјави Спалети.
По овој натпревар, Милан со 60 бодови се искачи на првото место во поредокот, Наполи со 57 бодови е трет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА